Дома Топ вести Откриено: Еве зошто Касиљас не брани за Порто!

Откриено: Еве зошто Касиљас не брани за Порто!

Контроверзното изоставување на Икер Касиљас од голот на Порто во последните неколку натпревари во првенство и во Лигата на шампионите отвори ново поглавје во португалскиот фудбал.

Денес, медиумите во Португалија пишуваат дека Порто на овој начин се обидува да се ослободи од легендарниот голман. Според последните информации португалскиот гигант има за цел да го продаде Касиљас во јануари, а причината за нивната ваква одлука е финансискиот фер плеј.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Имено, Порто веќе беше предупреден од УЕФА поради кршење на одредби во ФФП и во најбрз можен период мора да се ослободи од некој од фудбалерите кои добиваат голема плата, помеѓу кои е и Касиљас (пет милиони евра).

Претходно се шпекулираше дека причина за изоставувањето на Касиљас е наводната недисциплина на Шпанецот и користењето на мобилен телефон во тренинг кампот кое е забрането во овој клуб, но сега е јасно дека причината е од финансиски карактер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Срамен потег на УЕФА по смртта на грчкиот репрезентативец

Иако Џорџ Болдок го носеше дресот на грчката репрезентација, УЕФА не сака да дозволи одлож…