Манчестер Сити сака ова лето дополнително да го засили тимот за следната сезона, а како и обично тренерот Гвардиола ќе има голем буџет за трансфери.
Португалските медиуми објавија денеска дека спортскиот директор на Манчестер Сити се сретнал со родителите на големата надеж на португалскиот фудбалер, Жоао Феликс.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Состанокот е одржан во една од кабините на стадионот на Бенфика. Единствена тема била евентуален трансфер во Манчестер Сити. Феликс е огромна желба на Гвардиола и „граѓаните“ немаат ништо против да издвојат големи пари за младиот напаѓач.
Бенфика нема лесно да се откаже од 19-годишниот Феликс. Се споменува сума од 120 милиони евра, но за Сити никогаш парите не биле проблем, особено кога станува збор за голем талент на европскиот фудбал.
Овој играч е желба на многу европски гиганти. Сепак, се шпекулира дека Реал Мадрид се откажал од борбата за неговиот потпис поради големата цена, исто како и Јувентус. Меѓутоа, португалските медиуми сега тврдат дека Манчестер Сити е подготвен ова лето да ја исплати неговата откупна клаузула и да го доведе во своите редови.
Жоао Феликс оваа сезона одигра 40 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, постигна 18 гола и запиша 11 асистенции, а има актуелен договор со лисабонските „орли“ од 2023 година.
Manchester City have held a meeting with the parents of Benfica youngster João Félix, who has been linked with Manchester United and Liverpool. (Source: Record) pic.twitter.com/ODFo0NKbiK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 4, 2019