Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Османи: ФФМ нема обврска да го менува амблемот

Османи: ФФМ нема обврска да го менува амблемот

Вчера беше отворено Европското првенство на кое за првпат ќе игра Македонија, а пред почетокот на првиот натпревар кој го играа Турција и Италија стигна жалба од Грција за нашите дресови, поточно за aмблемот.

За истиот приговор, односно допис бил испратен и до Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска на прес конференција даде одговор околу оваа тема:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари.

Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари. Се додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа“, рече Османи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Директорот на Интер се налути: Каков Нејмар, тоа се глупости!

Се појавија гласини дека бразилската ѕвезда Нејмар би можел да го засили Интер, но спортск…