Дома Топ вести Онана за евентуалниот трансфер во Челзи: Никогаш не се знае!

Онана за евентуалниот трансфер во Челзи: Никогаш не се знае!

Челзи не се откажува од намерата да го доведе голманот на Интер, Андре Онана, пренесува „Газета дело Спорт“.

Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара повеќе од 40 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Онана по финалето во Лига на шампиони кажа дека ќе направи како што ќе побара раководството на клубот, иако повтори неколку пати дека е среќан во Милано.

„Среќен сум тука, но никогаш не се знае. Немам проблеми во Интер, имам одличен однос со сите. Ќе направам како што ќе ми кажат. Сепак, мора да повторам дека сум среќен во тимот“, изјави Онана.

Челзи спрема богата понуда, а Интер е спремен да го продаде Онана бидејќи тоа за клубот ќе биде чиста заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…