Репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо по успешниот настап на Европското првенство се врати во Барселона и тоа е нешто што го посакуваше. Но, поради проблемите во каталонскиот гигант се уште не може да се фокусира на настапите на теренот.
Барселона и по заминувањето на Илкај Гундоган не можеше да го регистрира напаѓачот кој веќе ги пропушти првите две кола од сезоната во кои Барса играше со Валенсија и Билбао.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Олмо чека, но и станува нетрпелив бидејќи сака да добие можност за игра.
Очекувањата се Барселона да ја среди документацијата со Олмо до крајот на оваа недела, но засега не може да се каже дека со сигурност ќе биде така.