Дома Останати Тенис Ѓоковиќ од умор едвај излезе пред камера, а потоа испрати порака која одекна низ цела Америка!

Ѓоковиќ од умор едвај излезе пред камера, а потоа испрати порака која одекна низ цела Америка!

Новак Ѓоковиќ успеа да го освои Мастерсот во Синсинати откако во фантастично финале го совлада Карлос Алкараз со 2:1.

Српскиот тенисер не ја криеше среќата по победата, а призна дека тоа бил еден од најтешките мечеви што ги одиграл во неговата богата кариера.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ѓоковиќ по паузата успеа во голем стил да се врати во САД со освојување на Мастерсот во Синсинати, а најважното нешто што покажа е дека е подготвен за УС Опен во Њујорк, кој не очекува наскоро.

Публиката синоќа можеше да ужива во неверојатниот тенис на Ѓоковиќ и Алкараз кои покажаа зошто моментално се лидери во овој спорт.

Алкараз поведе со 1:0 во сетовите, но неверојатниот Ѓоковиќ со голема борба успеа да се врати на 1:1, а потоа направи пресврт на 2:1 и освои нова титула. Интересно, Новак ги доби двата сета по тај-брејк.

Колку енергија и труд вложи на овој меч се покажа на крајот. Ѓоковиќ едвај имаше сила да застане на нозе и да даде изјава во која призна дека ова е еден од најтешките натпревари што ги одиграл.

“Лудница. Искрено не знам што друго да кажам. Ова е тешко да се опише. Дефинитивно еден од најтешките натпревари што сум ги одиграл во животот.

Каков турнир, ниво и противник, неверојатно. Од почеток до крај , и двајцата се боревме, минавме низ подеми и падови, неверојатни поени, но и лоша игра во одредени моменти“, почна Новак и продолжи.

„И топлината беше страшна. На крајот, еден од најтешките и највозбудливите натпревари на кои сум учествувал. Поради вакви моменти и натпревари, продолжувам да работам од ден на ден. Никогаш не се сомневав дека можам да бидам на ниво кога е најпотребно. Воодушевен сум“ .

“Имам толку многу да кажам, но немам сила. Искрено, едвај стојам на нозе. Почит за Карлос и неговиот тим. Сите сме без зборови поради тоа што го правите на теренот. Вие сте неверојатна личност и шампион. Не многу луѓе можат да играат на тоа ниво во нивните кариери и да се справат со тоа, но она што го направивте во последните две години е неверојатно“.

Познато е дека Новак се врати во Америка по повеќе од две години забрана за настап на турнири во таа земја бидејќи не сакаше да се вакцинира против коронавирусот. Накратко се осврна и на тоа и испрати порака која одекна низ Америка и светот.

„Борете се за она во што верувате, дури и ако тоа значи дека ќе се борите сами“, рече Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ јавно откри што се случи: Синер ми се извини…

Новак Ѓоковиќ не успеа да добие шанса да се бори за 25-та гренд слем титула. Во полуфинале…