Дома Трансфер зона Од ПСЖ се огласија на темата „Нејмар во Реал“ и испратија закана

Од ПСЖ се огласија на темата „Нејмар во Реал“ и испратија закана

Од Париз е испратена силна порка.

Нејмар и Реал Мадрид изгледа како приказна која нема крај!

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште од кога Бразилецот се пресели во Париз гласно се пишува дека тоа е само маневар за да избегне директен трансфер од Барселона во Реал. Гласините одат толку далеку што се тврди дури и дека намерно е пуштена информација дека сака да се врати во Барса, но дека навивачите не го сакаат.

Така тој би добил одлично алиби за трансфер во лутиот ривал.

Сепак претседателот на Пари Сен Жермен, Ал Келаифи јасно стави до знаење дека Нејмар не е на продажба, па дури и испрати зборови кои може да се протолкуваат како
закана.

„Не ми се допаѓа што Нејмар се поврзува со Реал, разговаравме со него и сите нас тоа не фрустрира, не е фер наши играчи да се поврзуваат со други клубови“.

„Двата клуба имаат одличен однос и во Мадрид многу го почитуваат ПСЖ, се надевам дека тоа е единствената вистина. Во спротивно би морале да реагираме“, изјави претседателот на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…