Дома Фудбал Италија Од Наполи потврдија: Елмас многу брзо добива нов договор!

Од Наполи потврдија: Елмас многу брзо добива нов договор!

Вчера во италијанските медиуми се појави информација дека Наполи е задоволен од Елмас и ќе му го продолжи договорот до 2025 година, таа информација ја потврди и спортскиот директор на клубот од Неапол, Кристијано Џунтоли.

Елмас е една сезона во Наполи и зад себе веќе има еден трофеј во Купот на Италија, а брзо ги освои и симпатиите на раководството. И вчера против Џенова натпревар во кој Елмас беше стартер одигра сосема добро. Во осмата минута постигна и гол, меѓутоа после реакција од ВАР собата тој беше поништен.

Џунтоли во изјава за италијанските медиуми истакна дека клубот работи на продолжување на договорите на Елмас, Ди Лоренцо, Марио Руи, Зиелински и Максимовиќ и според него се треба брзо да се заврши.

„Клубот работи на продолжување на договорите со Елмас, Зиелински, ДИ Лоренцо, Максимовиќ и Марио Руи. Очекуваме работата брзо да се заврши“, изјави Џунтоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хименез промаши пенал после 21 реализирани во низа, но дали ВАР погреши?

Севиља со минимални 1:0 го победи Волвс и се пласира во полуфиналето на ЛЕ, меѓутоа овој н…