Дома Фудбал Англија Од келнер сега стана професионален фудбалер благодарение на Вичај Шривадханапраба

Од келнер сега стана професионален фудбалер благодарение на Вичај Шривадханапраба

Неодамна Англија и светот го потресе големата хеликоптерска трагедија во која животот го загуби претседателот на Лестер, Вичај Шривадханапраба.

Сега реномираниот италијански медиум, Туто Меркато“ објави интервју со Давиде Лоренцо кој келнер во еден ресторан добил професионален договор во Лестер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Лоренцо е роден во Торино, а првите фудбалски чекори го направил во истоимениот клуб од овој град и Јувентус. Неколку години подоцна продолжил со ангажмани низ Норвешка, Белгија, Швајцарија и Малта.

Никогаш не добил шанса на поголема сцена и изгледало дека ќе ја заврши кариерата на аматерско ниво. Сепак ситуацијата благодарение на Вичај се променила кога тој бил гостин во еден ресторан во Ница каде што Лоренцо во тоа време работел како келнер.

Тогаш Лоренцо имал краток разговор со првиот човек на англискиот клуб, Шривадханапраба му ветил дека ќе му обебзеди проба во Лестер и дека на него останува да се избори за договор. Тоа и се случило, Лоренцо два месеци бил на проба, а сега стави и потпис на неговиот прв професионален договор со Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oфицијално: Модриќ сe збогуваше со Реал Мадрид!

Лука Модриќ денес официјално потврди дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Реал Мадр…