Дома Фудбал Одредени датумот и времето за „Ел Класико“

Одредени датумот и времето за „Ел Класико“

Реал Мадрид ќе ја нагости Барселона во недела на 23-ти април, а почетокот на најголемото дерби во светот е закажано за 20:45 часот.

Тоа сигурно ќе биде одлучувачки дуел на двата тима кои се борат за шампионската титула, а „кралевите“ моментално имаат два бода повеќе и натпревар помалку.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Доколку до тогаш ниту една од двете екипи не „киксне“ на трите наредни дуели во Примера, тимот на Зидан ќе има шанса да побегне на пет бода предност и практично да ја зацементира шампионската титула.

Од друга страна доколку Барса победи, Реал ќе биде под голем притисок бидејќи ќе заостанува еден бод.

Инетерсно е да се напомене дека „кралевите“ ќе имаат еден ден одмор повеќе од Барселона со оглед на фактот дека мечот се игра во недела кога е на програмата Лигата на шампиони. „Крелевите“ играат во вторникот со Баерн, а Барса во среда против Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невил го критикуваше Вирц: Против Сити изгледаше како мало дете

Атмосферата на Енфилд е на прагот на вриење откако Ливерпул се соочи со тежок пораз од Ман…