Дома Македонски спорт Мак фудбал Одложени натпреварите на Шкендија и Шкупи во првото коло од ПМФЛ

Одложени натпреварите на Шкендија и Шкупи во првото коло од ПМФЛ

За викендот стартува првата фудбалска лига во Македонија, а првото коло нема да биде комплетно.

Денес е потврдено дека натпреварите на Шкупи и Шкендија се одложени. Причината се европските квалификации и гостувањата во Стокхолм и Даблин.

Во првото школо Шкендија треба да игра со Скопје, но место викендов тој дуел ќе се одигра на 17-ти август, додека Шкупи својот меч исто така како гостин ќе го одигра на 7-ми септември.

Најсилното македонско фудбалско првенство стартува в сабота со натпреварот помеѓу Струга Трим Лум – Победа. В недела на програмата се дуелите Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница. Сите натпревари се закажани за во 17:30 часот.

Македонија Ѓорче Петров во првото коло е слободна. Како што е познато поради откажувањето на Ренова во секое коло ќе има по една слободна екипа.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…