Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ им се врати на клупските обврски во Уникс Казан, откако претходно настапуваше за македонската кошаркарска репрезентација.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уникс Казан го одигра првиот пријателски меч против Зенит Санкт Петербург и славеше со 72-63, а притоа македонскиот кошаркар постигна седум поени за неговиот нов тим, а исто така имаше и најмногу асистенции на теренот во својата екипа, односно пет.




Екипите ќе одиграат уште еден контролен меч в сабота, а повторно се очекува Димитријевиќ да добие минутажа на паркетот.