Португалецот добива одлични вести пред натпреварот против Севиља.
Вчера пишувавме дека Жозе Мурињо има големи проблеми со повредените фудбалери, а веќе денес од Англија пристигнуваат нови, овој пат добри вести за фановите на англискиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед утре и гостува на Севиља во првиот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо на денешниот тренинг доби две „нови“ имиња.
Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ тренираа со екипата. Французинот би требало да се најде во составот, додека кога е Швеѓанецот во прашање тој веројатно натпреварот ќе го започне од клупата за резерви.
Надвор од тимот и понатаму се Рохо, Џонс и Фелаини за нив е тешко да се верува дека може да се најдат помеѓу 18 играчи за оваа средба.
Натпреварот помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед се игра во среда со почеток во 20:45 часот.