Габриел Жесус повторно започна да тренира со екипата на Арсенал.
Бразилецот на почетокот на август имаше операција на коленото и од тогаш тренерот Микел Артета најави негово подолго отсуство.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меѓутоа одличниот шпиц се опоравува побрзо отколку што беше планирано и наскоро би можел да конкурира во составот.
Жесус минатата година пристигна во Арсенал од Манчестер Сити. На 26 натпревари во дресот на Арсенал, постигна 11 голови.