Игор Стефановски-Иџе, најдобриот македонски автомобилист, со два добри трки во Монца ја започна новата сезона во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ).
Иџе, во Монца, првата трка ја затартуваше од седмата позиција, а на крајот успеа да го освои четвртото место.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Втората трка тој ја заврши на петтата позиција. Веројатно ќе си обезбедеше место на подиумот, но имаше излетување во еден свиок, поради што назадуваше за три место, за на крајот да стигне до петтата позиција.
Наредната трка во ЕТЦЦ шампионатот ќе се вози во Унгарија.