Дома Фудбал Ова се кандидатите за наследник на Ковач во Баерн Минхен

Ова се кандидатите за наследник на Ковач во Баерн Минхен

Хрватскиот стратег Ковач вчера доби отказ во Баерн Минхен.

Секако, веднаш после отпуштањето на Ковач започнаа шпекулации за тоа кој би требало да биде негов наследник, а имиња има неколку.

Арсен Венгер, Ралф Рангик и Мaрк Ван Бомел се само некои од имињата кои конкурираат, барем според медиуми, но како главни кандидати се истакнуваат Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

Дури и пред Ковач да биде отпуштен се пишуваше дека Алегри е главен кандидат да биде тренер на Баерн, но навивачите на германскиот гигант го сакаат само Жозе Мурињо.

Мурињо е без ангажман скоро една година, а освен Баерн неодамна се доведуваше и во врска со Арсенал.

Како и да е се очекува Баерн многу брзо да именува нов стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер гледа кон Лацио: Фратези може да ја намали цената за Провстгард

Лацио бара близу 40 милиони евра за данскиот стопер, а Интер би можел да ги искористи усло…