Кевин Принс Боатен од вчера повеќе не е фудбалер на Барселона откако неговата шестмесечна позајмица истече.
Боатенг во Барселона пристигна во јануари од редовите на Сасиоло со можност Барселона да го откупи неговиот договор. Но, Боатенг одигра само неколку натпревари и скоро и ништо да не покажа.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа и покрај тоа во шпанските медиуми се појави неверојатна вест – Барселона се одлучила да го откупи договорот на Боатенг!
После тие информации се огласи и претседателот на Сасуоло кој исто така најави дека Боатенг ќе остане во Барселона.
„Мислам дека повеќе нема да го видиме во нашиот клуб. Ќе остане во Ла Лига бидејќи Барселона сака да го откупи неговиот договор. Барселона се распрашуваше за цената и претпоставувам дека ќе го откупи неговиот договор во наредните денови“, изјави Карневали.
Секако, оваа вест е огромно изненадување за навивачите на Барселона бидејќи тешко дека некој очекуваше во клубот воопшто да размислуваат за ваква опција откако позајмицата се покажа како апсолутно промашување.