Дома Фудбал Англија ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 15 ГОДИНИ: Арсенал и Челзи одиграа натпревар за историја

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 15 ГОДИНИ: Арсенал и Челзи одиграа натпревар за историја

Челзи и Арсенал одиграа 0:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот.

Досадниот натпревар сепак ќе влезе во историјата на англискиот фудбал. Реми без голови на лондонските ривали е нивниот четврти натпревар оваа сезона завршен без победник, а тоа на натпреварите на клубовите од Премиер лигата не им се случило уште од сезоната 2002/03 и натпреварот помеѓу Блекбурн и Сандерленд.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Челзи и Арсенал на 6. август минатата година одиграа 1:1 во Супер купот (Топчиите славеа 5:2 на пенали), за месец и пол подоцна на „Стемфорд Бриџ“ да одиграат 0:0 во првиот лигашки натпревар. Пред осум дена ги поделија бодовите и во вториот натпревар во Премиер лигата, 2:2 на „Емирати“.

Сега на стадионот од Челзи одиграа 0:0 во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот, а серијата можат да ја продолжат и кај Арсенал, на вториот натпревар за две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Никој не го критикуваше Интер како легендарниот Дел Пиеро

Голема сензација видовме во шеснаесеттина финалето на Лигата на шампионите. Норвешкиот Бод…