Дома Фудбал Обамејанг се здобил со скршена вилица во нападот на крадците, ќе паузира еден месец

Обамејанг се здобил со скршена вилица во нападот на крадците, ќе паузира еден месец

Пјер Емерик Обамејанг ќе биде надвор од терените еден месец откако заработил фрактура на вилицата после нападот на крадците во неговиот дом.

Поради ваквата ситуација може да пропадне и неговиот трансфер во Челзи за кој се преговара подолго време. Во понеделникот беше објавено дека Обамејанг бил истепан и ограбен од најмалку четири лица кои влегле во неговиот дом.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последните информации од Шпанија се дека Габонецот ќе паузира околу еден месец откако се здобил со фрактура на вилицата. Обамејанг бил удрен со метална прачка, па ќе мора да паузира во следниот период.

Повредата доаѓа во моментите кога се преговара за неговиот трансфер во Челзи и преговорите беа во напредна фаза се очекуваше двата клуба да пронајдат заеднички јазик, но сега ситуацијата може да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…