Дома Фудбал Англија Обамејанг за борбата со маларијата: Најтешкиот момент во мојот живот

Обамејанг за борбата со маларијата: Најтешкиот момент во мојот живот

Пјер-Емерик Обамејанг се врати на фудбалските терени откако се избори со маларијата.

Африканецот за прв пат проговори за борбата со болеста и истакна дека тоа бил најтешкиот период во неговиот живот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Обамејанг по враќањето во Лондон се чувствувал лошо, поради што ги контактирал докторите и им објаснил дека не е во најдобра здравствена состојба.

Докторите го испратиле во болница на дополнителни прегледи, по што било откриено дека Обамејанг има маларија.

„Се чувствував многу лошо. Мислам дека тоа беше најлошиот момент во мојот живот затоа што три дена по ред не бев добар. Лековите не ми помагаа, по што докторите ме испратија во болница, каде што останав три дена и мислам дека ослабев четири килограми. Тоа беше лош момент и мислам дека семејството се исплаши кога ме виде таков“, вели Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…