Заменик капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски е отпишан во Спортинг и се очекува во овој преоден рок да ја промени средината.
Веќе шест месеци Ристовски не игра за Спортинг и до крајот на месецот треба да ја промени средината. Во претходниот период последен клуб со кој се поврзуваше е Брага, а сега се појави нова опција. Според последните информации Ристовски е желба на грчки АЕК.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, овие два клуба не се единствените името на македонскиот фудбалер се поврзуваше уште со Динамо Москва, Лацио и Волфсбург.
Ќе потсетиме, во Спортинг Ристовски не игра поради расправија со тренерот.