Дома Видео Нов ВАР скандал: Признат гол на Реал Мадрид и покрај очигледниот прекршок

Нов ВАР скандал: Признат гол на Реал Мадрид и покрај очигледниот прекршок

Фудбалерите на Реал Мадрид моментално на свој терен играат против Мајорка во натпревар од 31. коло во Ла Лига.

Кралскиот клуб има се во свои раце до крајот на сезоната што се однесува на борбата за титулата во Шпанија. Но, победата во претходното коло против Реал Сосиедад крена многу прашина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во каталонскиот клуб беа бесни што судиите и покрај ВАР носеа скандалозни одлуки на штета на Сосиедад. И вечерва навивачите на Барселона се незадоволни поради ситуацијата која се случи при голот за 1:0.

Реал Мадрид во 19. минута со голот на Винисиус поведе со 1:0, но во центарот на вниманието повторно беше главниот судија. Имено, малку пред да биде постигнат голот Карвахал направи чист прекршок, а судијата и покрај тоа што користеше ВАР на крајот не го поништи голот на Кралевите.

Оваа одлука го налути тренерот и играчите на Мајорка, но и навивачите на Барселона, кои не престануваат со критиките на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…