Kлубот не се огласува, а во медиумите со клупата на Арсенал се поврзуваат неколку имиња.
Венгер е на мета на навивачите, голем број фанови на „топчиите“ сметаат дека неговото време е поминато и сакаат промена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот не сака да го напушти Арсенал, а во медиумите констатно се бара негов наследник. До сега во конкуренција за наследник на Венгер беа Томас Тухел, Масимилијано Алегри, па дури и Карло Анчелоти.
Денес францускиот „Л’Eкип“ додава ново име на листата и пишува дека стратегот на Ница, Лусијан Фавр би можел да го наследи Венгер.
Фавр неодамна побара раскинување на соработката со францускиот клуб на крајот од сезоната. Наводно добил понуда која сака да ја прифати, се шпекулира дека станува збор за Баерн Минхен или Арсенал.
Сепак, Венгер сосема сигурно дека ќе се бори да остане во клубот кој му ја обележи тренерската кариера.