Дома Фудбал Италија Новото засилување на Милан пристигна на прегледи (видео)

Новото засилување на Милан пристигна на прегледи (видео)

Раководството на Милан го обезбеди потписот на младиот напаѓач од редовите на Лил, Рафаел Леао, кој уште вчера пристигна во Милано.

Откако беа договорени и последните детали, португалскиот напаѓач денес ги започна лекарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


20-годишниот Рафаел Леао задно со Николас Пепе експлодираше во редовите на Лил минатата сезна, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра. Во трансферот ќе биде вклучен и младиот играч на „росонерите“ Тиаго Џијало, кој е проценет на 5 милиони евра, а останатите 30 ќе бидат во кеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси подготвува 150 милиони евра за ѕвездата на Вила

Шпанскиот портал Фичахес објави приказна која веднаш предизвика интерес: Челси наводно под…