Дома Актуелно Нови дресови за нови шампиони

Нови дресови за нови шампиони


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Нови дресови за новите шампиони! Познатата акција на компанијата Mozzart продолжува во соработка со фудбалскиот клуб ФК Младост од с. Корешница, Демир Капија, кои добија нови дресови за својот тим.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа преку овој проект се труди да обезбеди подобри услови за сите спортисти, без разлика дали се натпреваруваат во повисоките или пониските лиги. Тоа го докажува и оваа донација која пристигна на адресата на фудбалскиот клуб од Демир Капија. Фудбалерите на Младост моментално се натпреваруваат во четвртата македонска фудбалска лига.

„Драго ни е што Mozzart ја препозна нашата работа, желба и ентузијазам и оваа донација ни е од голема помош. Нашите фудбалери веќе со гордост ја носат новата опрема и имаат голема желба да остварат подобри резултати и да донесат напредок за нашата екипа“, истакнаа од ФК Младост.

Да потсетиме, MOZZART во акцијата „Нови дресови за нови шампиони“ опреми повеќе од сто клубови. Опремата пристигнува секој месец на адресите на фудбалски, кошаркарски, ракометни и други екипи од цела Македонија, што им дава мотив да се стремат кон повисоки пласмани во натпреварувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шок за Сити: Може да му бидат одземени бодови во Премиер лигата!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Премиер лигата го об…