Дома Останати Кошарка Нови детали за несреќата во која загина Коби: Хеликоптерот удрил со бризна од 300 километри на час, адвокатите на пилотот одговорија на тужбата

Нови детали за несреќата во која загина Коби: Хеликоптерот удрил со бризна од 300 километри на час, адвокатите на пилотот одговорија на тужбата

Претставниците на пилотот Ара Зобајан кој го управуваше хеликоптерот кој се урна кон кон крајот на јануари кога животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка, пилотот и уште шест лица тврдат дека Зобајан не е виновен за несреќата.

Трагедијата која се случи во Калабасас во Калифорнија однесе девет животи, а Венеса Брајант, сопругата на Коби поднесе тужба против фирмата во која работел пилотот и пилотот.

„ТМЗ“, медиумот кој констатно прв добиваше доверливи информации од несреќата сега пишува за епилогот на судот.

„Сите повреди или штети нанесени на тужителите или нивните настрадани се директно со дел или во целост предизвикани од грешка на тужителот или настраданите, вклучивајќи го тука и нивното доброволно соочување со ризиците“, стои во дел од одговорот на тужбата на Венеса.

Брајант и останатите патници во хеликоптерот летаа на кошаркарски натпревар ќерката на Коби во Таузенд, а хеликоптерот се срушил во густата магла удирајќи во планината пред него. Тој ден поради магла и полицијата во Лос Анџелес ги приземји сите свои летала.

Пилотот во еден случај морал да кружи 15 минути околу областа Грифит парк пред да добие дозвола да се упати кон Мамба академијата.

Она што не се прецизира во одговорот на тужбата е како точно патниците придонеле за несреќата или како Брајант и останатите можеле да го проценат ризикот кога пилотот бил тој кој седел зад контролите.

Инаку, хеликоптерот во планината удрил со брзина од 296 километри на час.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шек: Имам Ферари, куќа на море, згоден сум…Но моите слободните фрлања се доказ дека никој не е совршен

Шекил Онил без дилеми е еден од најдоминантните центри во НБА лигата на сите времиња. Леге…