Дома Фудбал Англија Нови главоболки за Венгер и „Топчиите“: Тимот ќе се соочи со двомесечен хендикеп

Нови главоболки за Венгер и „Топчиите“: Тимот ќе се соочи со двомесечен хендикеп

Оливие Жиру се повреди во текот на мечот од Лига Купот против Вест Хем, кој Арсенал го доби со минимални 1:0.

Французинот го напушти теренот на 18 минути до крајот, а првите проценки беа дека на теренот ќе се врати на почетокот на јануари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, како што пренесуваат француските медуми, дополнителните прегледи утврдиле дека Жиру ќе мора нешто подолго да паузира.

Имено, поради повредата на задната ложа, францускиот репрезентативец на теренот би можел да се врати дури во февруари.

Жиру не е стандарден првотимец во редовите на тимот од „Емирати“, но има значајна улога во тимот. Неговите погодоци оваа сезона имаа големо влијание за „Топчиите“, па нема сомнеж дека ова ќе биде голем хендикеп за екипата на Арсен Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барсиниот „вондеркинд“ заминува во Германија?

Барселона се сврте кон своите таленти, што е добро, врвните резултати се очекуваат кога Џа…