Дома Трансфер зона „Новиот Де Брујн“ пред трансфер во Милан

„Новиот Де Брујн“ пред трансфер во Милан

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.

Милан пред неколку дена испрати прва понуда од 20 милиони евра која беше одбиена, бидејќи Бриж за слободата на играчот бара најмалку 30 милиони евра.

„Росонерите“ веќе имаат договор со Де Кетелар, кој ги одби сите други понуди бидејќи сака трансфер на „Сан Сиро“.

Милан денес испратил нова понуда од 30 милиони евра кои ќе ги плаќа на неколку рати и се чека одговор од белгискиот клуб, но девете страни се блиску до договор.

Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Де Брујн“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…