Дома Фудбал Италија Новинар го налути Конте: Се шегуваш ли со мене? Какви ср*ња се ова!? (ВИДЕО)

Новинар го налути Конте: Се шегуваш ли со мене? Какви ср*ња се ова!? (ВИДЕО)

Интер по подолго време запиша една убедлива победа, вчера „нероаѕурите“ беа подобри од Бреша со 6:0 и на тој начин останаа колку-толку во трката за титулата во Серија А.

По овој натпревар Антонио Конте беше револтиран од едно новинарско прашање кое се однесуваше на Алексис Санчез. Новинарот смета дека Санчез треба да добива повеќе минутажа откако против Брежа запиша две асистенции и постигна гол.

Тоа го изнервира Конте.

„Чекај, се шегуваш ли со мене? Ме засмејуваш со ова прашање. Играше ли Санчез денес од првата минута како и против Сасуоло во неделата? Какви ср*ња се ова?“, гласеше одговорот на Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем не планира нов дефанзивец во јануари

Тотенхем нема да се фокусира на нов централен дефанзивец во јануари, иако сезоната започна…