Кристијано Роналдо пред неколку дена остана без клуб, откако неговиот договор беше раскинат од Манчестер јунајтед по контроверзното интервју со Пирс Морган.
Неколку тимови веќе покажаа интерес за услугите на Роналдо, а во Јужна Америка почнаа шпекулации дека потписот на Португалецот го сака Фламенго, кој е актуелен освојувач на Копа Либертадорес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилците бараат спонзори кои треба да го финансираат трансферот на Роналдо, кој би играл само три месеци во Фламенго и ќе се бори за светската титула.
Доколку Роналдо реши да потпише, тогаш ќе се бори против Реал Мадрид во финалето на светското клупско првенство.