Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се поврзува со нов клуб, според последните информации Лион сака Елиф да биде замена за Лукас Пакета.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пакета наводно е блиску до трансфер во Премиер лигата во редовите на Вест Хем, па затоа премиерлигашот е во потрага по негова замена.




Заминувањето на Пакета би оставило отворен простор во тимот на Питер Бош и „Тутомеркато“ пренесува дека Елмас е една од опциите да го пополни тој простор.




Летово Елмас се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа засега е поблиску до останување во Наполи, иако на почетокот на сезоната натпреварите ги започнува од клупата за резерви.




Во Наполи Елмас пристигна пред три години, а претходно беше дел од Фенербахче и Работнички.