Дома Топ вести Ни Де Геа, ни Куртоа: Реал испрати понуда за ОВОЈ голман

Ни Де Геа, ни Куртоа: Реал испрати понуда за ОВОЈ голман

Не е тајна дека Реал Мадрид е во потрага по нов голман, но првите две мети се тешки за реалзација, па сега „кралевите“ имаат друга мета.

Имено, Де Геа тешко дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед и се очлекува наскоро да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втора мета беше Куртоа, но неговите партии оваа сезона како и цената која ја бара Челзи ги натераа „кралевите“ да се предомислат.

Шпанските медиуми се сигурни дека сега првата мета на Реал Мадрид е голманот на Рома, Алисон.

Реал спреми понуда од 60 милиони евра, плус бонуси, што ќе го направи бразилскиот голман најскап во историјата на фудбалот.

„Меси меѓу голманите“ е мета на многу европски гиганти, но јасно е дека неговата желба е да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Рома сака да го задржи Алисон, но тешко дека ќе може да ја одбие понудата на „кралевите“, па се очекува наскоро да започнат преговорите.

Реал веќе стапил во контакт со неговиот агент и на Алисон му нуди 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…