Дома Фудбал Лига на шампиони Ништо повеќе нема да биде исто: УЕФА објави нови термини за Лига на шампиони!

Ништо повеќе нема да биде исто: УЕФА објави нови термини за Лига на шампиони!

Европската куќа на фудбалот денес потврди дека вовела значајни промени во европските натпреварувања, односно Лигата на шампиони и Лига Европа.

Она што предизвика најголемо внимание се секако новите термини на натпреварите во ЛШ. Веќе со години ова натпреварување се игра во вторник и среда во термонот од 20:45, но сега тоа заминува во историја.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, УЕФА официјално потврди дека донела одлука за промена на термините. Натпреварите и понатаму ќе се играат во вторник и среда, но во два термини.

Првите натпревари ќе се играат во 18:55 часот, додека другите натпревари на распоредот се од 21:00 часот.

Со овој потег УЕФА сака да им овозможи на љубителите на фудбалот да гледаат повеќе дирекни преноси, односно да не се играат сите натпревари во ист термин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…