Дефанзивецот Нејтан Аке нема да се пресели во Челзи и следната сезона ќе остане во Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи покажуваше силен интерес за холандскиот репрезентативец, кој беше дел од клубот во периодот од 2011 до 2017 година, а и самиот играч беше заинтересиран да се врати на „Стенфорд Бриџ“.




Меѓутоа, трансферот нема да се реализира, а причината е што „граѓаните“ за својот дефанзивец бараат 50 милиони фунти, сума која Челзи не е спремен да ја плати.




Во меѓувреме, Челзи го договори трансферот на Кулибали и е во потрага по уште еден дефанзивец. На листата желби се Преснел Кимпембе од ПСЖ и Жил Кунде од Севиља.