Дома Останати Тенис Ништо од тениски спектакл: Надал го предаде мечот, Федерер без борба е во финалето

Ништо од тениски спектакл: Надал го предаде мечот, Федерер без борба е во финалето

Шпанецот мораше да се откаже поради проблеми со коленото.

Роџер Федер доби голем подарок! Вториот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал без борба го предаде полуфиналниот натпревар во Индијан Велс, а тоа значи дека Федерер без пот оди во финалето да се бори за титулата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


На нешто повеќе од еден час пред почетокот, Надал ги извести организаторите дека поради проблема со коленото не ќе може да игра и дека се откажува од мечот.

Во текот на денешниот ден се појави вест и дека Мајами ќе го пропушти Мастерсот во Мајми кој започнува следната недела со цел да биде спремен делот од сезоната на земја.

Федерер во финалето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Доминик Тим и Милош Раонич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…