Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е убеден дека наредната година во својот тим може да ја доведе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
Младиот Аргентинец често се поврзува со Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Гласините за неговиот трансфер додатно се засилија откако во последно време Алегри го пресели на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала одлично ја започна сезоната, беше прв стрелец во Серија А, но во последно време е се подалеку од посакуваната форма, а и од стратниот тим.
Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо е убеден дека може да го донесе Аргентинецот на „Олд Трафорд“ и во него гледа идеална замена за Хенрих Михтарјан. Притиа „Специјалниот“ има адут во ракавот, а тоа е бившиот скаут на „старата дама“ Хавиер Рибалта кој може да го убеди Дибала да го избере Манчестер Јунајтед.
Наводно и самиот Дибала го одбил Пари Сент Жермен бидејќи неговата желба е преселба во Премиер лигата.