Каталонскиот гигант е упорен во својата намера да го доведе младиот фудбалер на Борусија Дортмунд.
Еден од најталентираните фудбалери во Франција сега повторно се поврзува со Барселона, а причина за тоа е неговиот состанок со Роберто Фернандез.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Фернандез е спортски директор на Барселона и тој е баш упорен во намерата да ги договори сите детали, но има еден голем проблем, цената која ја постави Борусија за Дембеле.
Ерик Абидал, поранешниот фудбалер на Барселона, а сега амбасадор на тој клуб, изјави дека Дембеле би бил совршен за Барса, но и дека во овој момент тој е далеку од каталонскиот гигант.