Дома Останати Тенис Нишиока се сруши на теренот на УС Опен. Мораше да биде изнесен во инвалидска количка

Нишиока се сруши на теренот на УС Опен. Мораше да биде изнесен во инвалидска количка

Јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока (28) беше принуден да му го предаде мечот на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ (24) во петтиот сет од првото коло на УС Опен.

Кога резултатот беше 2:2 во сетови (7:6, 2:6, 7:5, 5:7) и 1:0 за Кечмановиќ во петтиот сет со брејк-топка на сервис на Нишиока, тој падна на подот и почна да вреска од болка.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Нишиока и по интервенцијата на докторот не можеше да се движи. По некое време, Јапонецот беше опкружен со „жив ѕид“ за да ги спречи гледачите да ја видат драмата што се одвиваше.

Потоа во солзи тој беше изнесен од теренот во инвалидска количка, во придружба на дваесетина луѓе, откако му помагаа повеќе од 20 минути.

 Натпреварот беше прекинат и Кецмановиќ службено дојде до победата и до дуел со Музети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хаос на тениски меч, малку фалеше да за тепачка: Ајде ако смееш излези надвор!

Конфликт на тенискиот натпревар во Бастад: „Зошто ми го кажа тоа? Да се видиме надвор, ако…