Дома Фудбал Лига на шампиони Ниту Роналдо не стартуваше вака: Белингам постави нов рекорд во Реал

Ниту Роналдо не стартуваше вака: Белингам постави нов рекорд во Реал

Англискиот фудбалер Џуд Белингам е првиот во историјата на клубот кој постигнал гол на првитеч етири натпревари во Лигата на шампионите.

Четвртиот натпревар на кој постигна гол за Белингам беше против Наполи во 22 минута (4:2). Претходно тој беше стрелец во првото коло против Унион Берлин, па против Брага и претходно против Наполи во третото коло. Натпреварот против Брага од четвртото коло го пропушти поради повреда.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Ако продолжи во ист ритам, очигледно дека многу рекорди кои ги постави Кристијано Роналдо како еден од најуспешните во историјата на Реал и најелитното натпреварување ќе бидат загрозени, иако секако е рано да се зборува за тоа.

Белингам против Наполи запиша и асистенција за Хозелу при четвртиот гол.

Пофалби по натпрeварот доби и од тренерот Карло Анчелоти.

„Тој е спектакуларен кога ќе влезе во казнетиот простор. Изненадувачки е се што прави бидејќи никој не можеше ниту да замисли дека толку брзо ќе се прилагоди во Реал Мадрид“, изјави италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…