Оваа сезона Мохамед Салах ги „кине“ противничките мрежи не само поради техниката, туку и поради својата брзина.
Статистиката во Лигата на шампиони оваа сезона покажа дека ѕвездата на Ливерпул е фудбалер кој развил најголема брзина од сите други фудбалери во турнирот – 33,8 км/час.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш зад него е англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд со развиена брзина од 33.5 к/ч. Трет на листата е играчот на Манчестер Сити, Кајл Вокер кој развил брзина од 33.3 к/ч.
Со истата брзина може да се пофали Усман Дембеле од Барселона, а во Топ 5 е уште Костас Моналас од Рома со брзина од 33,1 к/ч.
Останува да видиме дали во сабота во финалето некој ќе усшее да го подобри рекордот на Салах.