Вчера Македонија го победи Израел, а голот на одлука го постигна Бобан Николов.
Со победата против Израел Македонија заврши на третата позиција во квалификациите за ЕП што е најдобар пласман за нашата репрезентација во едни квалификации.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Николов после натпреварот истакна задоволство, порача дека сонува да игра на едно Европско првенство.
„Секако дека е успех и тоа што сме трети, меѓутоа сме и разочарани затоа што можевме да бидеме и втори. Победата денес ни дава самодоверба за натпреварот во март. Искрено живеам за тој да се пласираме на Евроспкото првенство. Ќе посакам прво сите да бидеме здрави и комплетни. Некои детали можеме да ги поправи, оваа група ја одлучија нијанси. Ние сме првата генерација која завршува како трета и се надевам дека во следниот циклус ќе бидеме и втори“, изјави Николов по натпреварот.
Ќе потсетиме нашата шанса за пласман на ЕП е натпреварот од баражот во Лигата на Нации против Косово кој е закажан за во март.