
Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Драган Николиќ од вчера повеќе не е тренер на МЗТ, си замина по суспензијата од десет натпревари.
Преку официјалната страна на клубот Николиќ се збогуваше со фановите на „штрковите“.
„По изречената казна, единствено рационално решение беше договорен прекин на соработката. Патиштата ни се разидоа, но останува мојата голема почит и благодарност за луѓето со кои најблиску соработував изминатиот период, како градоначалникот на општина Аеродром, извршниот директор на клубот, луѓето од стручниот штаб, кошаркарите и луѓето вработени во клупската канцеларија.
Посебно ги издвојувам навивачите, на кои им посакувам во најскоро време да ја дочекаат и да ја прослават нашата десетта шампионска титула.“