Дома Фудбал Англија Не оди во Русија, но пред него е голем трансфер

Не оди во Русија, но пред него е голем трансфер

Марсијал не патува со репрезентацијата на Франција на СП во Русија, но ова лето го очекува голем трансфер.

Французинот одби да го продолжи договорот со Црвените ѓаволи и се одлучи да го напушти Олд Трафорд, а како што стојат работите нема да замине далеку.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако торински Јувентус беше блиску до реализација на негов трансфер, Марсијал сега е многу блиску до екипата на Тотенхем.

Денешното издание на Дејли Мејл донесува информација која ќе им се допадне на навивачите на лондонскиот тим.

„Тотенхем наредната недела ќе го засили интензитетот на преговорите со Марсијал. Клубот од Лондон планира разговори со челниците на Јунајтед околу негов трансфер, а Марсијал е на врвот на листата од желби на Покетино.“ – пренесува Дејли Мејл.

Не е позната цифрата која Тотенхем ќе ја понуди за Французинот, а ако Марсијал дојде во овој тим, Спарси значително ќе се засилат во офанзивниот ред кој го предводи Хари Кејн.

Марсијал во Јунајтед стигна за 60 милиони фунти во 2015 година од Монако, но не се изнаигра премногу и најчесто шанса за игра добиваше од клупата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната …