Иако се најавуваше заминување и потпис со Барселона, сепак Кевин Пантер не тргна по стапките на Матијас Лесор кој потпиша за Панатинаикос и остана во Партизан.
Белградскиот клуб објави дека го продолжил договорот со Американецот. Шпанските медиуми претходно најавуваа дека Пантер прифатил понуда од шест милиони евра за два сезони да игра за Барселона, сепак тој ќе остане во Белград.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во редовите на Партизан, Пантер пристигна пред две години, а во минатата сезона во која црно-белите ја освоија АБА-лигата и истигнаа во топ осум од Евролигата беше еден од најдобрите играчи.
Kapiten ostaje u crno-belom dresu.#KKPartizan pic.twitter.com/KS5rpNIr9X
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 29, 2023