Дома Фудбал Германија Не е се така како што изгледаше против Бешикташ – Кариерата на Вернер е сериозно загрозена

Не е се така како што изгледаше против Бешикташ – Кариерата на Вернер е сериозно загрозена

Здраствената состојба на Тимо Вернер (21), младиот голгетер на бундеслигашот Лајпциг е многу посериозна отколку што се чинеше во првиот миг.

Вернер, кој важи за еден од најталентираните германски фудбалери, на натпреварот против Бешикташ во 32. минута мораше да побара замена, бидејќи му сметаше бучавата која беше предизвикана од повеќе од 36.000 домашни навивачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред тоа, тренерот му даде затки за уши, но тоа не му помогна, а по неколку дена откако беше подложен на детални прегледи, беше утврдено дека има проблеми со дишењето и циркулацијата. Јасно е дека Вернер со тоа како професионален фудбалер иднината не му блеска, па затоа не е чудно што во Лајпциг се сериозно загрижени.

„Невозможно е да се мисли на натпреварите во овој момент. Загрижени сме за него, тоа е јасно. Откако истите симптоми се повторија во петокот, мора да му биде јасно дека треба да внимава. Мораме да ги пронајдеме причините, нема смисла да погодуваме за што се работи. Откако ќе ја дознаеме дијагнозата, ќе биде јасно каква терапија треба“, изјави директорот на Лајпциг, Ралф Рангник.

Оваа сезона Вернер е хит во Бундеслигата. Во шест одиграни натпревари постигна пет гола и запиша една асистенција, што секако е одлична статистика за еден 21-годишен фудбалер, чиј квалитет го препознаа гигантите како Реал Мадрид и Барселона кои интензивно го следат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…