Жозе Мурињо беше суспендиран на два натпревари по дуелот со четвртиот судија на натпреварот против Кремонезе, но освен Мурињо има казна и за судиите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мурињо по натпреварот истакна дека никој не го навредил како четвриот судија на тој натпревар, Марко Сера. По расправија со него Марко Пичини кој беше главен судија го испрати Португалецот на трибините.
Двајцата судии не се делегирани за новото коло во Серија А.
Покрај тоа за судијата Сера има отворено посебна истрага за невредите кон Мурињо, па може да добие и дополнителна казна.
Инаку, по натпреварот Мурињо најави дека е спремен и да отвори судска постапка против овој судија.