Дома Фудбал Останато Не е за џабе „лорд“: Дресовите на Бендтнер во новиот клуб се распродадоа само за 17 часа!

Не е за џабе „лорд“: Дресовите на Бендтнер во новиот клуб се распродадоа само за 17 часа!

Никлас Бенднтер во последниот ден од преодниот рок пронајде нов клуб.

Данскиот напаѓач минатата сезона настапуваше за Розенборг за кој запиша 16 настапи и постигна три гола, а од оваа сезона ќе игра во дански Копенхаген.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бендтнер со овој трансфер се врати во клубот кој го напушти како млад играч кога премина во Арсенал.

Во текот на кариерата Бендтнер поради своите оригинални постапки и изјави го доби прекарот „лорд“ кој и денес го носи.

Освен Арсенал Бендтнер играше уште за Волфсбург, Нотингем Форест и Росенборг, но никаде не се задржуваше премногу, а пред заминување од лондонскиот клуб беше на позајмици во Бирмингем, Сандерленд и Јувентус.

Сега Копенхаген барем од финансиски направи одличен потег.

Имено, од клубот соопштија дека само 17 часа после потписот на Бендтнер сите домашни дресови, во сите велични со презимето на Бендтнер се распродадени.

„Се појави огромен интерес за купување на нашиот домашен дресо со името на Бендтнер на грбот, тој е распродаден во сите величини“, соопштија од Копенхаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…