Дели Блинд иако може да игра на повеќе позиции оваа сезона добива многу мала минутажа кај Жозе Мурињо и веќе размислува за промена на средината.
Холанѓанецот беше стандарден минатата сезона, но имаше многу осцилации во играта, па со тоа ја изгуби довербата кај Жозе Мурињо.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека Блинд уште во јануари може да си замине од Манчестер Јунајтед, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Галатасарај.
Заминувањето на Блинд ќе отвори уште повеќе простор за Матео Дармиан кој исто така не е во прв план кај Португалецот, но и за Лук Шо кој полека се враќа во натпреварувачки ритам по повредата која го оддалечи од терените подолг период.