Дома Фудбал Англија Не го жалат Ливерпул: Клубовите од ПЛ бараат поништување на сезоната!?

Не го жалат Ливерпул: Клубовите од ПЛ бараат поништување на сезоната!?

Повеќе клубови од Премиер лигата се заложуваат актуелната сезона да се поништи без оглед на тоа што тоа би значело дека Ливерпул ќе остане без титулата на која чека 30 години.

„Црвените“ асполутно ја заслужија титулата и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбедат, секако ако првенството продолжи. За Ливерпул и математички да биде шампион потребни му се уште две победи.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Мислењата дали титулата треба да им се додели се поделени, а наводно повеќе клубови од Премиер лигата бараат сезоната да се поништи.

„Бројни клубови во Премиер лигата сакаат актуелната сезона да се заврши и да се продолжи со нова кога ситуацијата ќе се поправи – дури и ако тоа значи дека Ливерпул ќе остане без титулата до која е блиску и на која чека 30 години“, пишуваат островски медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …