Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар и Дембеле далеку се од исто ниво

Нејмар и Дембеле далеку се од исто ниво

Хорхе Хесус, тренерот на Спортинг Лисабон изјави дека во Барселона не пронашле соодветна замена за Нејмар.

Зборувајќи за зилувањата на Барселона во летниот преоден рок, овој 63-годишен стратег, помеѓу останатото, истакна дека челниците на каталонскиот клуб направиле грешка со продавањето на Нејмар. Според него, Дембеле кој пристигнал како замена, не е на ниво на Нејмар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Нејмар е еден од најголемите. Јас сум еден од ретките кои верува дека е еден од најдобрите на светот“, истакна Португалецот додавајќи:

„Дембеле не е ист како Нејмар. Тој е добар играч, но не е креатор. Никогаш не можеш да дозволиш, играч како Нејмар да замине, бидејќи Барселона е послаба без него“.

Спортинг и Барселона ќе се сретнат утре во рамки на 2то коло од групната фаза во ЛШ, а на Хесус во тие рамки не му недостасува оптимизам.

„Суарез, Меси и Нејмар се играчи кои на своите притивници не им даваат никакви шанси. Без Бразилецот, имаме уште еден проблем помалку, но тука се Иниеста и останатите. Сигурно ќе одиграме добро против нив. Убедени сме дека можеме да дојдеме до бодови“, заклучи Хесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Трагедија на Копа Либертадорес, натпреварот прекинат – има загинати (Видео)

Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес, во кој играа Коло Коло и…